-
Создадено: Понеделник, 15 Април 2024
По повод патронатот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, 27 март и одбележување 17 години од своето постоење, Факултетот за туризам и бизнис логистика одбележа повеќе значајни активности.
Започнувајќи на 27 март 2024 год. на Свечената академија беа доделени признанија на институции во име на успешна реализирана соработка, како и доделување плакета и вредносен ваучер на најдобро рангираниот дипломиран студент за 2023/2024 година, Филип Пржовски.
Во продолжение, на 28 март, согласно со актите на УГД, деканката на ФТБЛ проф. д-р Татјана Бошков ја изнесе биографијата, стручната, научната и општествената активност, како и ставот на Комисијата за одбраната на докторската дисертација на м-р Агим Асани, а ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски изврши промоција на м-р Агим Асани во доктор на науки по туризам и угостителство.
Во рамките на активностите на патрониот празник, на 4 април 2024 год. деканката и продеканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков и проф. д-р Наташа Митева, ги доделија дипломите за завршен прв циклус и втор циклус на студии на Факултет за туризам и бизнис логистика.