-
Создадено: Понеделник, 15 Април 2024
Студентите на ФТБЛ, четврти семестар, на насоката Туризам и угостителство - Скопје ја посетија семејната Фарма „Кози, млеко, планина“ во с. Раштак (Скопска Црна Гора).
Целта беше запознавање со конкретен пример за позитивна практика по рурален туризам преку директно осознавање на активностите за промоција, препознатливост и позиционирање на пазарот. Посетата е дел од клиничката настава по предметот Промотивни активности кај проф. д-р Билјана Петревска.