-
Создадено: Петок, 15 Март 2024
Здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“, „Global Shapers Skopje Hub“ и Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД - Штип го организираат вториот дводневен Женски економски форум.
Форумот ќе се одржи на 23 и 24 март со следнава агенда:
23 март, 17:00 ч. – 20:00 ч., тема „Финансии за мали бизниси и фриленсери“
- 17:00 Панел дискусија
- 18:00 Главна говорничка
- 18:30 Работилница
- 19:30 Наградна игра
24 март, 17:00 ч. – 20.00 ч., тема „Штедење и инвестирање“
- 17:00 Панел дискусија
- 18:00 Главна говорничка
- 18:30 Работилница
- 19:30 Наградна игра
Нашата заложба, како организации, да дејствуваат на финансиска едукација е да го посветиме овогодишниот Женски економски форум на финансирањето на микро, малите и средни бизниси, на можностите за штедење и инвестирање, на фриленсерството, на дигитализацијата и перспективите за раст и развој во сите овие сегменти.
Настанот е бесплатен, регистрацијата е задолжителна и трае до 21 март.
Регистрирајте го вашето учество на www.jassumzena.mk до 21 март.