-
Создадено: Понеделник, 25 Декември 2023
На 19 декември 2023 година дел од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика (Наставен центар Штип) ја посетија компанијата „Адиент Сеатинг“, која се наоѓа во индустриска зона во Штип, под менторство и организација на проф. д-р Елизабета Митрева и вон. проф. Владимир Китанов.
Оваа компанија е дел од големото Адиент семејство за производство на висококвалитетни навлаки кои се вградуваат во автомобилите на најпознатите брендови во автомобилската индустрија. Студентите имаа можност да видат како се реализираат деловните процеси при изработка на навлаки за автомобилски седишта, но и примена на разни методологии за унапредување на истите во правец на испорака на производи со супериорни вредности. Управувањето со процесите како клучен фактор за освојување на купувачите значи континуирана потрага по најдобри технички, технолошки, маркетиншки и други унапредувања и подобрувања кои ќе ги произведат саканите резултати, а тоа е задоволството на потрошувачите и профитот.
Посетата е во рамките на наставната програма по предметите: Примена на методи и техники во управување со системи, Системи за квалитет и стандарди и Основи на маркетинг.
Искрена благодарност до менаџментот на компанијата за несебичното делење на знаење и искуство на студентите во управувањето со деловните процеси.