-
Создадено: Понеделник, 25 Декември 2023
На 20 декември 2023 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика, претставуван од деканката проф. д-р Татјана Бошков, склучи Меморандум за соработка со Факултетот за бизнис економија Бијелина, Универзитет од Источно Сараево, претставуван од деканката проф. д-р Весна Петровиќ.
Двата факултети, ФТБЛ и ФБЕ Бијелина, со поддршка на уште пет други универзитети од Западен Балкан се во процес на организација на XII Научен собир EkonBiz на тема „New economic reality: Economic consequences of social and demographic transitions", кој ќе се одржи на 20 и 21 јуни 2024 година.
Во насока на заедничко и координирано дејствување за реализација на различни активности и проекти кои придонесуваат за подобрување на развојот на пошироката општествена заедница, подобрување на нивото на образование, вклучување на младите во процесот на самовработување, креирање и имплементација на нови идеи, се само дел од целите на кои веќе активно работат ФТБЛ и ФБЕ Бијелина.