-
Создадено: Вторник, 19 Декември 2023
На 11, 13 и 15 декември 2023 г. студентите имаа можност да присуствуваат на тридневна Работилница за поттикнување на претпиемачкиот дух и развој на бизнис вештини.
Работилницата се одржа на Кампус 4 во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика под менторство на доц. д-р Христина Серафимовска, а учествуваа 20-ина студенти од различни факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Присустните имаа можност да стекнат нови знаења и да ги развијат потребни вештини во делот на управување со претпријатија по пат на активно учење и примена на CEFE методологија, која овозможува стенување на трајни знаења преку искуствено учење. Како излезни резултати од проектот беа развиени три бизнис концепти за иновативин идеи, а претставник од студентите понатаму може да учествува и на Меѓународниот камп кој ќе се одржи во март 2024 г.
Работилницата е како резултат на Еразмус+ проектот во кој учествуваа претставници од три земји: Естонија, Македонија и Турција.
Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Партнери на проектот се: Развојниот центар на Вору регионот во Естонија, кој од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија, Директоратот на Национална едукација од Анкара (АДНЕ), која е втора најголема институција за образование по Министерството за образование на Турција, а како партнер од Македонија е Здружението ЦЕФЕ Македонија. Од Факултетот за туризам и бизнис логистика во проектот учествуваше доц. д-р Христина Серафимовска, наставник од областа на претприемништвото.