Од 14 до 17 декември во Банско, Република Бугарија се одржа 43. Меѓународна конференција која носи наслов „Knowledge in practice”.

Главна цел на кoнференцијата е да се отвори расправа за трајните вредности и трансферот на употребливо знаење кое произлегува од најновите научни истражувања. На оваа конференција со свои трудови учествуваа и претставници од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, раководителката на Катедрата за бизнис логистика, доц. д-р Анета Стојановска-Стефанова, проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова и проф. д-р Владимир Китанов.  

На конференцијата професорките Стојановска-Стефанова и Магдинчева-Шопова го претставија својот труд „Откривање на предизвиците: Постковид анализа на државните политики, здравствените мерки и дипломатските иницијативи за подобрување на туризмот”, напишан во коавторство со проф. д-р Цане Котески и проф. д-р Снежана Јованова.

Овој научен труд навлегува во сложенaта слика на туристичката политика како последица на пандемијата Ковид-19, истражувајќи како државите стратешки се справуваат со политиките, за да го зајакнат бројот на туристи. Трудот ги презентира и прегледува достапните информации за тоа како туризмот бил погоден од пандемијата, прави анализа на загрозените работни места и начините на кои земјите се справуваат со последиците. Со испитување на овие меѓусебно поврзани елементи, трудот низ теоретско-дескриптивниот метод фрла светлина врз динамичната постпандемиска ера, нудејќи сознанија од клучно значење за креаторите на политиките и засегнатите страни во туристичкиот сектор.

На конференцијата својот труд со наслов „Важноста на информатичките технологии во промоцијата и продажбата на хотелските услуги” го претстави и проф. д-р Владимир Китанов. Трудот прави анализа на алатките кои значително го олеснуваат планирањето на патувањето за патникот со обезбедување на сите потребни услуги. Трудот ги претставува и каналите на дистрибуција во хотелската индустрија кои се поврзани на Интернет, а кои доживуваат експлозивен раст, станувајќи доминантен начин за резервирање на услуги.

На конференцијата освен од нашата држава учествуваат претставници од универзитетите во регионот. По завршување на конференцијата трудовите ќе бидат публикувани во меѓународен Зборник на трудови „Knowledge” - international journal.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.