-
Создадено: Понеделник, 13 Ноември 2023
Име и презиме: Јована Насевска-Петрушевска.
Факултет и студиска насока: Факултет за туризам и бизнис логистика - Бизнис логистика.
Тековна професија: Администратор за логистика.
Место на вработување: „Џонсон Мети“ - Скопје.
Животно мото: Ти си автор на сопствената приказна, создади живот што те инспирира и исполнува.
Позиција на којашто работам денес: Администратор за логистика во „Џонсон Мети“ - Скопје.
Мојот рецепт за успех се состои од: Цели, труд, работа, упорност, пожртвуваност, посветеност и љубов за работата.
Најголеми предизвици на патот до успехот ми беа: Најголем предизвик ми беше одржувањето на балансот помеѓу студиите и работата.
Со УГД се дружев: 5 години.
Факултетот и насоката ги избрав затоа што: Го избрав Факултетот за туризам и бизнис логистика, насока Бизнис логистика, бидејќи отсекогаш сум била фасцинирана од сложената работа на деловниот свет и ефикасното движење на стоки и услуги. Овој факултет нуди сеопфатно разбирање и за принципите за управување со бизнисот и за логистичките стратегии, кои се суштински компоненти на денешната глобална економија.
Како клучна предност на студиите на УГД ги издвојувам: Една од клучните предности на моите студии е академскиот раст што го доживеав. Стекнав длабоко разбирање за моето поле на студирање и развив вештини за критичко размислување и решавање проблеми кои се од непроценлива вредност. Дополнително, практичните искуства и знаења ме подготвија за предизвиците од реалниот свет со кои ќе се сретнам во мојата кариера и со кои веќе се среќавам.
Праксата на УГД, како составен дел од студиите, ја остварив во: Од страна на проф. д-р Татјана Бошков, како за многубројни заинтересирани студенти, така и мене ми беше овозможено да одам на професионална пракса во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, каде што по завршувањето на истата останав во ДТИРЗ како вработена.
Од студиите на УГД за развој на успешна кариера најмногу ми помогна: Низ моето студирање најмногу ми помогнаа соработката и помошта од нашите извонредни професори, праксата обезбедена од страна на ФТБЛ, која беше само почеток во градењето на мојата професионална кариера и секако мојот најголем мотиватор и најголема поддршка во текот на студиите е мојот сопруг, како и моите родители.
Книга или настан од студентските денови што засекогаш ќе ги паметам: Книга која секогаш ќе ја паметам од студентските денови е „Моќта на позитивното мислење во бизнисот“ - Скот В. Вентрела.
Мудрост споделена од професор на предавања која ми остави најголем впечаток во животот: Тоа е мисла од Бенџамин Френклин која ни беше мотивациски пренесена од деканката Бошков: „Tell me and I forget. Teach me and I remember. Involve me and I learn“ („Кажи ми и ќе заборавам. Научи ме и ќе запомнам. Покажи ми и ќе научам“).
Книга, видео, поткаст или настан кој би им го препорачал на другите: Книга која би им ја препорачала на студентите: „Патот по кој поретко се оди" - Скот Пек.
Совет за младите како идни студенти: Секогаш трудете се и учете, додека не го постигнете успехот што го посакувате. Фокусирајте се на добрите академски навики, социјалните вештини и балансирањето на приоритетите. Доколку имате потреба од помош, не двоумете се да побарате од вашите професори и колеги.