-
Создадено: Петок, 27 Октомври 2023
Факултет за туризам и бизнис логистика и ОСУ „Ацо Русковски” - Берово склучија Меморандум за соработка со цел унапредување на образованието и вештините на младите кадри од областа на туризмот и угостителството. Меморандумот беше потпишан од страна на деканката на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, и директорката на ОСУ „Ацо Русковски”, Душанка Паговска.
Постигнувањето на планираните цели зацртани во Меморандумот ќе се остварува преку научни истражувања, работилници, обуки, професионална пракса, меѓународни проекти, продлабочување на соработката со сите ентитети од секторот туризам, за кои детално разговараа присутните професори на двете институции во текот на состанокот.
Овој Меморандум отвора можност за запознавање на средношколците со програмите и можностите кои ги нуди Факултетот за туризам и бизнис логистика, со цел да се стремат кон академско образование на УГД, да се надградуваат со знаења и вештини и да придонесуваат за потребниот економски просперитет во Македонија.