-
Создадено: Вторник, 17 Октомври 2023
Деновиве, 12 и 13 октомври се одржа Меѓународната конференција „Smart Economic Planning and Industrial Policy (SEPIP) 2023“, каде што деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, беше панелист по покана на ректорот на ОSTIM Технички универзитет во Анкара, Турција, Prof. Dr. Murat Yülek.
Различни институции, како што се Универзитетот Колумбија, Универзитетот Јамагучи, UNSAM, Централната банка на Република Турција, UNCTAD, TIKA и SESRIC се поддршка за континуирано одржување на SEPIP, чиј домаќин е Технички универзитет OSTİM од 2019 година.
Главниот фокус на SEPIP за 2023 г. е „Servicification of Manufacturing and Industrialization of Services“. Проф. д-р Бошков беше панел-учесник во вториот панел Circular vs. Green Economy, на тема „The Circularity Challenge: Sustainability and Responsibility towards the European Green Deal“, заедно со г. Марк Берет кој е GIZ директор на ЕУ за зелени проекти во РС Македонија. Модератор на панелот беше проф. д-р Виолета Маџова, како претставник на International Balkan University кои се коорганизатори на SEPIP.