-
Создадено: Вторник, 10 Октомври 2023
По покана на Institute of Knowledge Management – Skopje, деканката на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков беше панел-спикер во отворањето на 42. Меѓународна научна конференција „The Power of knowledge” во Солун, Грција. Деканката имаше обраќање на тема „Strategies of Knowledge Performance in Higher Education”.
Имено, таа потенцираше и анализираше неколку клучни сегменти – каква е природата на предизвиците во високообразовните институции; кои фактори влијаат врз потребата од креирање стратегии кај нив; каква е моменталната ситуацијата на универзитетите и факултетите; дали простор за подобрување на перформасите во високообразовниот систем (преку кои начини тоа може да се оствари и кои се механизните коишто овие институции треба да ги имплентираат во Македонија и во останатите земји од Западен Балкан).
Во своето излагање акцент стави и на влијанието на вештачката интелигенција во образовниот сектор, завршувајќи со предизвиците/слабостите на кои мора да работи македонскиот образовен систем (високото образование), како и идни препораки на краток и долг рок
На вториот ден од конференцијата, проф. д-р Бошков и доц. д-р Жарко Раџеновиќ ги презентираа своите два коавторски труда од областа на девизната политика и мерење на потенцијалот од настанување валутни кризи во Македонија и Србија. Во паралелна сесија на истоимената конференција свој труд презентираше и проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова од областа на претприемништвото во мала и отворена економија. Конференциската агенда и презентации на трудови трае од 5 до 8 октомври 2023 година.