По повод Светскиот ден на туризмот - 27 септември, деканката на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, доби Признание за особен придонес во туризмот од страна на државниот секретар на Министерството за економија, м-р Размена Чекиќ-Дуровиќ.

Туризмот има клучна улога во економиите, а Светскиот ден на туризмот е воспоставен со цел подигање на свеста и важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности. Ако пораката на UNWTO за Светскиот ден на туризмот во 2022 беше ‛rethinking tourism‛, за 2023 г. e ‛tourism&green investments‛. На овој Светски ден на туризмот ја препознаваме виталната потреба од зелени инвестиции во овој сектор. Истиот е повик за акција до меѓународната заедница, владите, мултилатералните финансиски институции, развојните партнери и инвеститорите од приватниот сектор да се обединат околу нова стратегија за инвестиции во туризмот. Сето ова во насока на искористување на обновливите извори на енергија, заштита на биодиверзитетот, еколошка рамнотежа на сите дестинации,а секако со ефект на обезбедување работни места, поддршка за локалните бизниси и индустрии.
Имено, во оваа година се нагласува потребата од повеќе и подобро насочени инвестиции за луѓето, за планетата и за просперитетот. Сега е време за нови и иновативни решенија.
Сите заедно, вклучувајќи нѐ и нас како образовна институција треба да дејствуваме во насока на искористување на целосниот потенцијал на одржливиот туризам што е предуслов за наша подобра иднина. Среќен Светски ден на туризмот!” – изјави деканката проф. д-р Татјана Бошков.
Министерството за економија традиционално ја одржува оваа манифестација на која им се доделуваат признанија на најуспешните во оваа област.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.