-
Создадено: Вторник, 20 Јуни 2023
Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, по покана на EURAS беше панелист на меѓународен вебинар „NEW TRENDS in Digital Business and Marketing“.
EURAS е Унија на Евроазиските универзитети која промовира соработка меѓу 142 универзитети од цела Западна и Централна Европа, Балканот, Кавказ, Блискиот Исток, како и од цела Азија и работи за глобално унапредување на образовните стандарди во Евроазискиот Регион. Универзитетот „Гоце Делчев“ е 52. членка на Унијата EURAS.
Излагањето на проф. д-р Бошков беше на тема: „Financial digitalization and economic growth: recent developments and perspectives“. Целта на ова истражување е да ги подреди земјите членки на ЕУ според нивното ниво на развој во дигиталната трансформација на финансискиот менаџмент. Студијата потврди дека земјите од ЕУ статистички значајно се разликуваат врз основа на промените во ефективноста на финансиската дигитализација, групирајќи ги во пет релативно хомогени групи (кластери) во зависност од нивната сличност, со јасен географски диспаритет за периодот што се разгледува. Идентификувањето на разликите во дигиталните финансиски средини на земјите членки на ЕУ, во однос на засилена поддршка за одредени членки, ќе биде од полза во креирањето идни мерки за дигитална финансиска политика, покрај употребата на нов сет дигиталноориентирани индикатори во компаративна форма за да се идентификуваат кластерите на ЕУ.
Овој вебинар е во рамките на Конференцијата која ЕУРАС ја организира во соработка со Istanbul Aydin University и има за цел да ги истражи најновите случувања и трендови во областа на дигиталниот бизнис, маркетингот и дигиталните финансии.