-
Создадено: Понеделник, 19 Февруари 2018
Студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на осмиот по ред Гастрономски фестивал по повод празникот Св.Трифун кој се одржа во Демир Капија.
Овој празник на лозарите традиционално се одбележува во Демир Капија како познат вински регион во Република Македонија. Гастрономскиот фестивал беше во организација на Општина Демир Капија, а на отворањето присуствуваа градоначалникот на општината, како и голем број гости од земјава и од странство. Манифестацијата се одржа во винаријата „Кралица Марија“, која е основана во 1928 година од страна на jугословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и посветена на неговата сопруга Марија.
На манифестацијата учествуваа над 100 учесници од Република Македонија, а како членови на жирито за оцена во натпреварувачкиот дел насловен „Најдобра традиционална трпеза“ беа тројца врвни кулинарски шефови од нашата земја од хотел „Александар Палас“, ресторан „Албис“ и амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија.
Студентите од ФТБЛ си ги одмерија силите во конкуренција на четири образовни институции и тоа: Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Студентите на натпреварот го освоија второто место за „Најдобра традиционална трпеза“, приготвувајќи јадења од Источниот регион, насловени како „Малешевска кујна“. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорите Нако Ташков и Дејан Методијески.
Овој натпревар Општина Демир Капија го организира во соработка со г-ѓа Адријана Алачки и истиот ќе биде емитуван во нејзината емисија „Вкусот на традицијата“.