-
Создадено: Вторник, 20 Јуни 2023
Факултетот за туризам и бизнис логистика на УГД по 14. пат ја одржа Туристичко-гастрономската изложба за алтернативни форми за развој на туризмот.
Традиционално, настанот во организација на ФТБЛ е поддржан и од Локалната самоуправа од Гевгелија, хотелот „Аполонија“, во кој се одржа, како и од бројни компании од областа на туризмот и угостителството.
Студентите ја збогатија оваа манифестација со домашно зготвена храна, карактеристична за поднебјето на Гевгелија. Во поглед на храната која беше изложена, учество зедоа компании и угостителски објекти од регионот. Новина годинава е што настанот има и хуманитарен карактер – дел од храната која беше изложена ќе биде донирана на организацијата на Црвен крст од Гевгелија, како и на Народната кујна во Гевгелија.
Деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков се заблагодари на сите кои помогнаа да се одржи изложбата, истакнувајќи го нејзиното значење за развојот на туризмот, како и значењето за самите студенти на Факултетот.
Како и секоја година, програмата ја збогатија и членовите на Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“ од Гевгелија.