-
Создадено: Понеделник, 22 Мај 2023
Факултетот за туризам и бизнис логистика ја одржа 6. Меѓународна научна конференција „Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век” во Порта Македонија - Скопје.
Конференцијата ја отвори проректорката за наука на УГД, проф. д-р Зденка Стојановска, која во своето обраќање ја потенцираше значајноста на организирањето ваква конференција и вклученоста на професори од над 15 земји од странство. Деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, ја најави панел-дискусијата а тема „Глобалната динамика и можностите за поттикнување на економскиот раст: преглед на состојбите во бизнисот, туризмот и културата”, со што се овозможува препознавање на проблемите, предизвиците, нудење решенија и препораки за истите.
Модератор на панел-сесиите во текот на целата конференција беше продеканката на ФТБЛ, проф. д-р Наташа Митева.
„Оваа конференција коjашто има програмски комитет со еминентни професори од над 15 земји од странство сѐ повеќе го зајакнува интересот на публиката, бизнис заедницата, академската заедница. Ова се должи на водењето отворена комуникација со сите стожери. Токму таквиот начин ни дава сигнал за тоа кои се потребите на пазарот, а согласно со тие потреби ние креираме настани, програми и конференции кои имаат мултидисциплинарен карактер. Факултетот за туризам и бизнис логистика преку ваквите конференции успешно го поврзува и усогласува високото образование со современите барања на економијата и општеството, држејќи чекор со сите важни достигнувања. Детектирајќи ги состојбите успеваме да се движиме на вистинската траекторија во овој динамичен свет.
Традиционално секоја година во рамките на Конференцијата вклучуваме панел-дискусија на тема која е од интерес за сите нас, во насока на креирање успешни препораки за подобро општество. Како до намалување на несигурноста, ми беше првото прашање кога размислував како да ја именуваме панел=темата... Ова прашање, всушност, упатува на креирање ефективни политики во насока на обезбедување економска обнова, пред сѐ. Да се гради позелена, порамноправна и подигитална економија, додека се продолжува со олеснувањето на трансформативната реалокација“, изјави деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков на свеченото отворање на конференцијата.
Гости-панелисти кои зборуваа на оваа тема беа: проф. д-р Глигор Бишев - Стопанска комора на РС Македонија, д-р Огнен Фирфов – директор за интерна ревизија и управување со ризици, Македонски телеком, д-р Сања Николиќ-Блажевска - менаџер за регрутација и брендирање на работодавачот, Горан Ташков - генерален менаџер на „Паркленд гроуп“ - Скопје, д-р Небојша Вуковиќ – директор на СУГС „Лазар Танев” - Скопје, Билјана Санев - директор на Сектор за човечки