На ден 15.5.2023 година дел од студентите од прва и од трета година од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Наставен центар во Скопје) ја посетија американската компанија „Кемет електроникс“ која се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона „Скопје 1“. Оваа компанија е производител на кондензатори за автомобилската индустрија и за различни индустриски апликации.

Студентите, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, и Беба Бајрамовска како дел од тимот на ТИРЗ, имаа можност да ги следат производните процеси, но и сите алатки и техники кои менаџментот ги користи за унапредување на процесите, со цел креирање производи со супериорни вредности.
Од Факултетот изразуваат благодарност до менаџментот на „Кемет електроникс“ и до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за поддршката и за градењето партнерски односи со високообразовните институции, со цел креирање компетентен работен потенцијал кој полесно ќе се интегрира во реалните системи и ќе одговори на предизвиците што ги носи иднината.
Посетата на компанијата е во согласност со Наставната програма по предметите Системи за квалитет и стандарди, Примена на методи и техники во системи и Основи на менаџмент, а се реализира под менторство на проф. д-р Елизабета Митрева.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.