-
Создадено: Вторник, 09 Мај 2023
На покана од Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, беше дел од овој свечен чин.
Имено, на 4 мај 2023 година во Кристалната сала во Собранието на Република Северна Македонија, Одборот ја додели државната награда „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.
Добитници на државната награда „Гоце Делчев“ за 2023 година се:
· проф. д-р Нано Ружин за делото „Балкански иконографии“;
· проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин за делото „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“;
· д-р Александар Василевски за делото „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија - идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“.
Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип им ја честита оваа престижна државна награда на добитниците.