-
Создадено: Среда, 27 Декември 2017
Факултетот за туризам и бизнис логистика, во соработка со Фондацијата „Аполонија“, на 22 декември во Хотел „Аполонија“ во Гевгелија организираше Хуманитарен новогодишен базар, со цел собирање средства за програмата „Дејвид Ван Дер Веге - социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гевгелија“.
На овој добротворен настан за продажба имаше слатки и домашни специјалитети приготвени од страна на студентите и Гастро тимот од Факултетот за туризам и бизнис логистика.