-
Создадено: Четврток, 29 Декември 2022
На 26.12.2022 година деканот и продеканот на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф.д-р Татјана Бошков и проф.д-р Наташа Митева ги доделија дипломите за завршен прв циклус на студии на 99 студенти на ФТБЛ!
Дел од говорот на деканот на овој свечен чин:
“Верни на својата улога како образовна и научна институција, нашиот Факултет за туризам и бизнис логистика заедно со сите Вас, но и сите идни студенти кои ќе доаѓаат, треба да се гледаат како важен центар за размена и соработка со стручни и научни институции, бизнис сектор, бидејќи новите времиња ги бараат принципите на правичност и еднакви можности, научен интегритет, академска слобода, вмрежување, спојување на сите нас со една цел - решавање и заедничко надминување на сите препреки и создавање можности за младите и нашето општество!
Животната траекторија не е лесна...полна е со предизвици...но целта мора да се остварува – градење на сигурен пат за нашата иднина!
Сите овде сме подеднакво важни и сме подеднакво одговорни секој во својот домен да придонесе да креираме идеи од кои ќе произлезат предлози за ангажирање на младата сила насекаде низ Македонија и сето тоа во насока на зголемување на продуктивноста. Не преостанува ништо друго освен секојдневните напори да ги насочите кон систем на дејствување кој ќе биде современ, ефикасен, и лесно применлив и прифатлив.
Од мое лично име како декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, од името на продеканот и од името на сите професори, вработени на ФТБЛ, примете ги нашите искрени честитки за Вашето стекнување со дипломи за завршен прв циклус студии!
Овој Факултет секогаш ќе биде Ваш домаќин доколку се одлучите да продолжите на втор и трет циклус студии, но и да соработуваме онаму каде ќе одлучите да ги градите вашите кариери!
Бидете синергични! Бидете доследни на вистинските вредности! Успехот е загарантиран!
Вие сте суштината и надежта за квалитетен опстанок во овој конкурентски свет!”