-
Создадено: Среда, 14 Декември 2022
Денес, дел од студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика, Штип ги посетија учениците од Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ – Штип, каде беа топло пречекани.
Студентите им подарија скромни новогодишни подароци на учениците, но и беа пријатно изненадени од прекрасните подароци кои ги добија, направени од вредните раце на учениците. Воедно, Училиштето „Искра“ и додели благодарница на проф. д-р Елизабета Митрева за нејзината донаторска хуманитарна изложба насловена: Бакнати деца, каде дел од уметничките слики беа донирани на училиштето. Голема благодарност за поканата, за посебното внимание, како и за времето поминато во дружење, љубов, емоции.