-
Создадено: Четврток, 01 Декември 2022
Денес, 30.11.2022, студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика (наставен центар Штип) ја посетија компанијата - Адиент Сеатинг Штип, која е дел од големото Адиент семејство за производство на висококвалитетни навлаки кои се вградуваат во автомобилите на најпознатите брендови во автомобилската индустрија.
Студентите имаа прилика да видат како се реализираат производните процеси при изработка на навлаки за автомобилски седишта, но и примена на разни методологии за унапредување на деловните процеси во правец на испорака на производи со супериорни вредности.
Посетата е во рамките на наставната програма по предметите: Основи на маркетинг и Примена на методи и техники во системи кај проф. д-р Елизабета Митрева.
Голема благодарност до менаџментот на Адиент што ја овозможи посетата.