-
Создадено: Среда, 09 Ноември 2022
По покана на деканот проф. д-р Татјана Бошков, Шпаркасе Банка ги презентираше можностите за стипендирање кои ги нуди групацијата Штаермаркише банка - Австрија и Шпаркасе банка АД – Скопје
Денешен гостин-предавач на оваа тема беше г-ѓа Сања Николиќ Блажевска, раководител на Секторот за регрутирање, обука и развој. Студентите од трета и од четврта година студии од насоките Бизнис логистика и Бизнис администрација се запознаа со нови можности за надоградување на нивното знаење.
Студентите се нашата највредна инвестиција! #FTBL#obrazovanie#vmrezise#