-
Создадено: Петок, 21 Октомври 2022
На 19 октомври 2022 г., во Галерија „Безистен“ во Штип, беше отворена третата по ред самостојна хуманитарна изложба насловена „Бакнати деца“, како дел од еден поголем серијал насловен „Бакнато време“ од проф. д-р Елизабета Митрева.
Авторката на овие дела проф. д-р Елизабета Митрева истакна дека оваа изложба им е посветена на сите деца во условите на светската пандемија.
Проф. Митрева истакна: „Спознавањето на детската мисла и спознавањето на детската душа е неоткриен миг до кој никогаш нема да стигнам. Преку моите слики се обидов да ја насликам вистината за детскиот свет, но и нивната тага и самотија во услови на изолација. Преку моите слики ќе му ја подарам на светот целата моја скриена вистина“.
- Професор Митрева овие платна им ги дарува на:
- Детското одделение при Клиничка болница – Штип;
- Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ – Штип;
- Дневниот центар за деца со телесна и интелектуална попреченост;.
- Дневниот центар за деца со аутизам;
- Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип.
Исто така, проф. Митрева изразува посебна благодарност до:
- Министерството за култура на РСМ, кои го поддржаа проектот;
- Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
- Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип;
- рецензентот м-р Зоран Читкушев;
- професорите од Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ за нивниот восхитувачки и инспиративен музички вовед во презентацијата и сите помагатели на овој настан.