-
Создадено: Понеделник, 17 Октомври 2022
Во насока на зголемениот интерес за студирање на насоките Туризам и угостителство и Хотелско-ресторантски менаџмент при Факултетот за туризам и бизнис логистика, деканот на ФТБЛ – проф.д-р Татјана Бошков, продеканот за настава – доц. д-р Наташа Митева и доц.д-р Душица Попова остварија работна средба со директорот на СУГС „Лазар Танев” – д-р Небојша Вуковиќ.
Овој состанок е само продолжување на мината успешна соработка со најголемото средно стручно училиште, која продолжува со агенда на активности од двете институции во насока на успешно едуцирање на идни квалитетни кадри, преку теоријата и праксата, за потребите на угостителско-туристичката индустрија во нашата земја.