-
Создадено: Понеделник, 17 Октомври 2022
По повод бруцошката забава која се одржа за бруцошите на сите факултети при УГД, прв академски час за бруцошите на Факултет за туризам и бизнис логистика одржаа деканот - проф.д-р Татјана Бошков и продеканот за настава – доц. д-р Наташа Митева.
После две години пауза со физичко обраќање поради големиот број на запишани студенти кои ги реализира Факултетот за туризам и бизнис логистика, амфитеатрите беа полни со нова генерација студенти. Тие се запознаа со детали околу нивното студирање, активностите на факултетот, можностите и предизвиците кои ги очекуваат, наставниот кадар, самата настава, меѓународната размена, презентирање на алатките кои ги нуди УГД, како и многу други интересни информации поврзани со студиите на ФТБЛ.
#ФТБЛзастудентите#