-
Создадено: Понеделник, 11 Декември 2017
Во рамките на активностите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Елизабета Митрева ќе одржи изложба на слики со наслов „Бакнато време“. Изложбата, која е целосно поддржана од факултетот, ќе биде отворена во Уметничката галерија „Безистен“ во среда (13.12.2017 г.) во 12 часот.
Изложбата има за цел да даде поттик и придонес за развој на угостителството и хотелската индустрија во Република Македонија, во насока на афирмација и развој на културниот туризам во Штип и во Источниот регион.