-
Создадено: Среда, 13 Јули 2022
Почитувани,
Организацискиот тим за публикација на Годишен зборник на Факултет за туризам и бизнис логистика составен од деканот на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, продеканот на ФТБЛ, доц. д-р Наташа Митева, доц. д-р Душица Попова и проф. д-р Душко Јошески, Ве известува дека успешно е публикувано второто издание Годишен зборник на Факултетот за Туризам и Бизнис логистика за 2022 година кој воедно има и меѓународен карактер.
Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика промовира ракописи од областа на Современи трендови во логистиката, Синџири на снабдување, Економска политика, Меѓународна економија, Бизнис менаџмент,Финансии, Економија, Трговија, Бизнис, Фискална политика, Јавна администрација, Маркетинг, Менаџмент, Претприемништвото, Сметководство и ревизија, Менаџмент на квалитет, ЕУ интеграции, Економија на пандемија, Циркуларна економија, Мерење во економијата на пандемија, Туризам, Угостителство, Гастрономија, Аспекти на животната седина, Менаџмент во туризмот и угостителството,Картографија и просторно планирање, Културно наследство, Хотелски менаџмент, Еко туризам, Енергетска ефикасност.
Повеќе информации за објавените ракописи во Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика/Yearbook of Faculty of Tourism and Business logistics Vol.2 No.1 (2022) на линкот: https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl/issue/view/287
Со почит
Организациски одбор
Годишен зборник на ФТБЛ