-
Создадено: Понеделник, 09 Мај 2022
По иницијатива на Општина Гевгелија, со цел подобрување на туристичката понуда во Гевгелија, беше одржана првата работилница на тема „Креирање на туристичкиот идентитет" каде што студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика Вилија Минчева, Владимир Никовски, Анастасија Наковска, Аница Ноиќ, Симона Петкова и Јован Проданов заедно со деканот проф. д-р Татјана Бошков активно се вклучија во истата.
На работилницата учествуваа и претставници од бизнис секторот и чинители од повеќе подгранки на туризмот, како: бањскиот туризам, угостителството, сместувачки услуги, претставници на Туристичката асоцијација на Гевгелија, туристички агенции, невладини организации и членови на Локалното собрание за млади.
Целта на организацијата на ваквите работилници е да се изнајдат алтернативни решенија преку учеството на сите чинители во развојот на туризмот и заеднички да придонесат во креирањето на богата туристичка понуда.
„Најдобар начин да се предвиди иднината е да се создаде” – Питер Дракер