-
Создадено: Вторник, 03 Мај 2022
30.04.2022 година, проректорот за настава и студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, проф. д-р Мишко Џидров ја отвори Петтата меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век” во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Деканот на ФТБЛ, проф.д-р Татјана Бошков во своето воведно обраќање ја потенцираше значајноста на организирањето ваквата конференција како и панел дискусија, со што се овозможува препознавање на проблемите, предизвиците, нудење решенија и препораки за истите. Секако, ова има свој импакт врз едукацијата на новите генерации како да се соочуваат со предизвиците на глобализацијата, кои де факто се заеднички предизвици за универзитетите, бизнис заедницата, но и за централната и локалната власт.
Оваа година, меѓународниот програмски комитет брои еминентни професори од Македонија и од над 19 земји од странство како Индија, Саудиска Арабиjа, Португалија, Израел, Шпанија, Франција, Молдавија, Италија, Грција, Египет, Полска, Турција, Романиjа, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, од кои активно во панел сесијата се вклучија 13 професори од странство со поздравен говор и честитки за конференција, покрај изнесувањето на своите истражувања на детерминираната панел тема: Предизвици и импликации на KОВИД-19: намалување на разликите и справување со дистрибутивните влијанија во различни сектори.
Панел модератор беше деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика проф. д-р Татјана Бошков, а гости панелисти кои зборуваа на оваа тема беа:
- Dr. Tamara Klicek, Ph.D., International Programme on Urban Governance IPUG, National Taipei University, Taiwan
- Dr. Madalina-Teodora Andrei, Ph.D., “Spiru Haret” University, Faculty of Geography, Bucharest, Romania
- Dr. Mirela-Elena Mazilu, Ph.D. Department of Geography, Director of Research Center in Innovative and Regional Tourism, University of Craiova, Romania
- Nikolina Vrcelj, Ph.D., Executive Director, Association of Economists and Managers of the Balkans, headquartered in Belgrade, Serbia
- Dr. Kemal Cebeci, Marmara University, Faculty of Economics, Department of Public Finance, Director of MIRDEC, Istanbul, Turkey
- Dr. Rabi Narayan Kar, Ph.D., FCS, Professor-Principal SLC, University of Delhi, Delhi, India
- Dr. Paulo Reis Mourao, Ph.D., Department of Economics & NIPE, Economics & Management School,University of Minho, Braga – Portugal
- Dr. Mazhar Abbas Ph.D., Department of Management & MIS, College of Business Administration, University of Hail, Kingdom of Saudi Arabia
- Dr. Kanita Imamović-Čizmić, Ph.D., Depratment of Legal and Economic Sciences, Unversity of Sarajevo-Faculty of Law, BiH
- Dr. Slagjana Stojanovska, Ph.D., Integrated Business Faculty, Skopje, Republic of N.Macedonia
- Dr. Slavi Dimitrov Ph.D., Department of Tourism, Deputy Dean of the Faculty of Economics, "St. Cyril and Methodius" University of Veliko Tarnovo, Bulgaria
- Žarko Rađenović, Research Associate, University of Niš, Innovation Center, Serbia
- Dr. Boban Melovic, Ph.D.,Vice-Dean for international cooperation, Faculty of Economics Podgorica, University of Montenegro
Со цел да одговориме на актуелните предизвици, потреби, приоритети, Конференцијата “Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век” се презентираа авторските теми во две сесии модерирани од страна на продеканот за настава на Факултет за туризам и бизнис логистика – доц.д-р Наташа Митева.
Панел дебатата и презентирањето на трудовите овозможи размена на искуства, идентификација на предизвиците и перспективите, споредување на моделите, како и презентирање на можните нови комбинирани модели. Дискусиите ја детектираа состојбата на микро план што се однесува на домашниот пазар од една страна, како и движењата на глобалната економија од друга, подготвувајќи ја бизнис заедницата за предизвиците со кои ќе се соочуваат при остварувањето на нивните цели, особено во времето кое го живееме под притисокот на (пост)пандемскиот период.\