-
Создадено: Среда, 22 Декември 2021
На 21 декември 2021 г. се одржа јавна одбрана на докторски труд на тема „Улогата на туристичките агенции врз развојот на туризмот во Република Северна Македонија“ / „The role of travel agencies on tourism development in the Republic of North Macedonia“ од м-р Билјана Николовска, на платформата Microsoft Тeams.
Одбраната на докторската дисертација се одвиваше пред Комисијата во состав: проф. д-р Цане Котески (претседател), проф. д-р Никола В. Димитров (член), проф. д-р Татјана Бошков (член), проф. д-р Лидија Симонческа (екстерен ментор) и проф. д-р Златко Јаковлев (интерен ментор).
Комисијата врз основа на прегледот и оценката на приложената докторска дисертација, како и врз основа на усното презентирање на материјалот од м-р Николовска и одговорите на поставените прашања, оцени дека докторската дисертација со наслов „Улогата на туристичките агенции врз развојот на туризмот во Република Северна Македонија“ / „The role of travel agencies on tourism development in the Republic of North Macedonia“ претставува оригинално научно дело. Комисијата за одбрана едногласно донесе Одлука за кандидатката м-р Николовска дека успешно го одбрани докторскиот труд стекнувајќи се со научен назив доктор на науки по туризам и угостителство.