-
Создадено: Четврток, 23 Декември 2021
На ден 20.12.2021 се одржа јавна одбрана на докторски труд на тема „Анализа на квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството“ / „Analysis of the quality of the restaurant offer on function of the development of tourism and catering“ од м-р Јулијана Саздова, на платформата Microsoft Тeams.
Одбраната на докторската дисертација се одвиваше пред Комисијата во состав проф. д-р Елизабета Митрева (претседател), проф. д-р Татјана Бошков (член), проф. д-р Ацо Кузелов (член), проф. д-р Васко Цуцулески (екстерен ментор) и проф. д-р Дејан Методијески (интерен ментор).
Комисијата врз основа на прегледот и оценката на приложената докторска дисертација, како и врз основа на усното презентирање на материјалот од м-р Јулијана Саздова и одговорите на поставените прашања, оцени дека докторската дисертација, со наслов: „Анализа на квалитетот на ресторанската понуда во функција на развој на туризмот и угостителството“ / „Analysis of the quality of the restaurant offer on function of the development of tourism and catering“, претставува оригинално научно дело. Комисијата за одбрана едногласно донесе Одлука за кандидатот м-р Јулијана Саздова за успешно одбранет докторскиот труд стекнувајќи се со научен назив ДОКТОР НА НАУКИ по туризам и угостителство.