-
Создадено: Петок, 03 Декември 2021
Денес, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф.д-р Татјана Бошков на поканата од Шуменскиот Универзитет “Епископ Константин Преславски” ја отвори Четвртата научна конференција со меѓународно учество “Географија, регионален развој и туризам”.
Заедно со проф.д-р Цане Котески ги честитаа двата јубилеја кои денес ги слави Шуменскиот Универзитет – прославување на 30 години од формирањето на програмата Географија на Шуменскиот Универзитет “Епископ Константин Преславски” и 50 години постоење на Универзитетот.
На конференцијата активно учество земаа над 70 учесници од земјите на Западен Балкан и пошироко, а професорите од Факултетот за туризам и бизнис логистика свој допринос дадоа преку учество со трудови и претставување на своите научни истражувања.
ФТБЛ продолжува да ја надоградува меѓународната факултетска соработка!