-
Создадено: Понеделник, 29 Ноември 2021
Организацискиот тим за публикација на Годишен зборник на Факултет за туризам и бизнис логистика составен од деканот на ФТБЛ, проф.д-р Татјана Бошков, продеканот на ФТБЛ, доц.д-р Наташа Митева, доц.д-р Цветанка Ристова Магловска и доц.д-р Душко Јошески, Ве известува дека успешно е публикуван Првиот Годишен зборник на Факултетот за Туризам и Бизнис логистика за 2021 година.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на Современи трендови во логистиката, Синџири на снабдување, Економска политика, Меѓународна економија, Бизнис менаџмент,Финансии, Економија, Трговија, Бизнис, Фискална политика, Јавна администрација,Маркетинг , Менаџмент, Претприемништвото, Сметководство и ревизија, Менаџмент на квалитет, ЕУ интеграции, Економија на пандемија, Циркуларна економија, Мерење во економијата на пандемија, Туризам, Угостителство, Гастрономија, Аспекти на животната седина, Менаџмент во туризмот и угостителството,Картографија и просторно планирање, Културно наследство, Хотелски менаџмент, Еко туризам, Енергетска ефикасност.
Повеќе информации за објавените ракописи во Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика/Yearbook of Faculty of Tourism and Business logistics Vol.1 No.1 (2021) на линкот: https://js.ugd.edu.mk/index.php/ybftbl.