-
Создадено: Петок, 26 Ноември 2021
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и бизнис логистика покрена акција наречена „Храна за секој студент“.
Оваа акција е мотивирана од пандемијата и неизвесната економска криза, а по иницијатива и организација на Славица Ристовска, Претседател на Комисија за соработка и комуникација при Студентско собрание на ФТБЛ. Во заедничката соработка со македонската компанија ,,СТОКОМАК” формирани се студентски пакети со основни прехранбени производи, со цел подобрување на студентскиот стандард. Оваа понуда ги вклучува сите кои се дел од Факултетот за туризам и бизнис логистика.