Факултетот за туризам и бизнис логистика го одржа шестиот по ред вебинар  на тема „Финтек секторот, дигиталната трансформација и стратегиите во банкарскиот сектор”. Настанот го отвори проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.

На оваа тема дискутираше г-ѓа Александра Мраков која е соработник за развој на дигитални производи во Шпаркасе банка. Таа ја претстави нивната визија како би изгледала Банката на иднината гледана преку призмата на три клучни стожери: експоненцијално растечката дигитализација, клиентското јадро (клиенти од иднината) со нивните потреби и преференции како и регулативата (конкретно PSD2 Директивата) која исто така ја трасира иднината и ја креира улогата на банката на иднината во целокупниот финансиски систем. Она што е сигурно е дека парите ќе продолжат да го движат светот, без разлика на нивната форма, и оттаму секогаш ќе има потреба да постои систем за финансиски услуги. Во овој систем целосно дигитализираните банки, иако на некој начин ќе бидат поневидливи, сепак ќе останат да постојат како една сигурна нишка на кои клиентите ќе можат да ги доверат своите финансии.

Втор излагач беше доц. д-р Жарко Раџеновиќ од Центарот за иновации при Универзитетот во Ниш, кој зборуваше за имплементацијата на информациските системи во банкарската индустрија. Според д-р Раџеновиќ, имплементацијата на дигитални платформи наместо онлајн банкарство го поттикнува создавањето на екосистеми за дигитално банкарство кои вршат меѓусекторски и прекугранични трансакции на облак основа, поврзувајќи ги целиот синџир на снабдување во процесот. Банкарството ќе биде насочено кон зголемување на безбедноста на е-трансакциите и намалување на ризикот од сајбер криминал со примена на блокчејн технологија во заштитата на податоците. Исто така, m-banking апликациите на паметните уреди ќе имаат многу понапредни верзии кои ќе користат алгоритми за машинско учење. Преку m-banking и ко-прелистување платформи, користејќи вештачка интелигенција, банките во револуцијата 4.0 преминуваат од BPM (Business Process Management) во RPA (Robotics Process Automation), што овозможува целосна роботизација на деловните процеси со помош на хуманоидни аватари.

Проф. д-р Татјана Бошков, деканка на Факултетот за туризам и бизнис логистика, зборуваше за Финтек како еден од најбрзорастечките сектори во глобалната индустрија за финансиски услуги кај земјите од Западен Балкан. Имено, Финтек пазарите во Западен Балкан во овој момент се релативно мали според глобалните стандарди, но брзото темпо на технолошкиот развој и финансиските трансакции овозможени од технологијата ќе доведат до значаен раст на овие пазари во блиска иднина. Инхерентната прекугранична природа на некои од Финтек активностите и нивното прифаќање од страна на потрошувачите значи дека властите ширум земјите на Западен Балкан треба внимателно да ги разгледаат ризиците за нивната регулаторна цел во рана фаза. Анализите покажуваат потреба од разгледување на регионалниот Финтек пазар, наведување на важни регулаторни и политички импликации на Финтек, како и предлагање сет регулаторни и политички интервенции, со регионален акцент со цел да ги катализира финансиските и регулаторните иновации овозможени од технологијата.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.