-
Создадено: Понеделник, 15 Ноември 2021
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе банка во пракса реализираат соработка од која најголем бенефин ќе имаат студентите.
Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, и проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров, од Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, заедно со менаџментот на Шпаркасе банка на најдобрите студенти од VII семестар на Факултетот за туризам и бизнис логистика им доделија стипендии за исклучителниот висок успех во нивното студирање.
На најдобрите студенти, освен стипендии, ќе им се овозможи и понатамошна пракса во рамките на Шпаркасе банка, тренинг од областа на банкарското работење и можност за вработување.
Факултетот за туризам и бизнис логистика посветено работи на унапредување на компетенциите и вештините на своите студенти во согласност со потребите на бизнисот, на нивното вмрежување на пазарот на труд, потврдувајќи безброј успешни приказни токму преку нив.