-
Создадено: Понеделник, 04 Октомври 2021
Денес, на 4.10.2021 година, се одржа првиот академски час на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Обраќање кон новите студенти имаа деканот на факултетот, вон. проф. д-р Татјана Бошков и продеканот на факултетот, доц. д-р Наташа Митева.
Заедно со сите професори на Факултетот за туризам и бизнис логистика, им посакаа топло добре дојде на новите студенти, многу успеси и доследност во реализацијата на своите желби.
На академскиот час беше прикажано и видео туторијал за најпотребните алатки за следење на наставата: е-календар, е-индекс, е-распоред, е-учење, е-библиотека, е-пошта и Microsoft Teams.
Факултетот за туризам и бизнис логистика успешно ја остварува својата мисија преку еминентен и посветен кадар потврдувајќи го ова преку исполнување на квотите за запишување на нови студенти. Тоа се студенти кои го препознаваат успехот, ентузијазмот за работа, успешните приказни на дипломирани студенти на овој факултет и можностите за вработување и напредување во кариерата, студенти кои веќе се дел од големата заедница на
Факултетот за туризам и бизнис логистика и наша идна гордост!
Ви Благодариме за изборот и за присуството,
Факултет за туризам и бизнис логистика