Драги Бруцоши, Драги Студенти,
Добредојдовте на Факултетот за туризам и бизнис логистика !

Наша одговорност е да Ве вмрежуваме! Наша одговорност е да работиме!Наша одговорност е да даваме знаење кое ќе биде силен сигнал на пазарот на труд токму преку Вас – студентите!    
Факултетот за туризам и бизнис логистика Ви овозможува размена на знаења, информации, истражувања, анализи, стручни дебати. Посебно ја акцентираме можноста која ја дава ФТБЛ, а тоа е –  токму Вие да реализирате пракса во рамките на врвни компании и институции, а потоа како дипломирани студенти - да се вработувате во истите.

Ова е уште еден доказ дека создавањето можности за студентите се главен приоритет на Факултетот за туризам и бизнис логистика, истовремено градејќи ја колективната визија меѓу економијата, индустријата и образованието.
Нашата мисија е токму преку знаењата со кои ќе се стекнете, праксата која ќе ви ја овозможиме во бизнис секторот - да ја подобриме јавната политика, лидерството, економијата, да додаваме вредност во администрацијата и логистиката, да бидеме силна алка во меѓународната логистика, туризмот - преку комбинација на истражување, настава и директна интеракција со практичари, експерти.  Сигурна сум дека сме истомисленици за следново - во добар систем граден со квалитетен кадар, луѓето можат да водат побезбеден, послободен и просперитетен живот - но неквалитетен кадар лесно може да ги повреди луѓето. Затоа, во целото наше истражување, настава и практика, мудро ги избираме нашите активности и постигнуваме извонредност во тие активности. Правејќи ги вистинските видови на работа на вистинските начини, можеме да Ве осигураме дека ФТБЛ е значаен сегмент во градењето на подобра иднина!

Овие предизвици се големи, но професорите на ФТБЛ ги адресираа, и со нивното знаење, со нивната посветеност, професионализам, вештините и со  нивниот ентузијазам, навистина прават суштинска разлика. Ние ја прифативме оваа одговорност, а тоа не прави да сме фокусирани на голем број стратешки приоритети!

Драги бруцоши и студенти,

Со спремни актуелни програми, со еминентен и посветен кадар, доколку навистина сакате да освојувате – Вашиот успех е загарантиран!

Ви благодариме за Вашата доверба да бидете наши студенти!

Со најдобри желби до сите Вас за годината што следи,

Декан

Проф.д-р Татјана Бошков

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.