-
Создадено: Вторник, 31 Август 2021
Поаѓајќи од амбицијата да се развиваат и поддржуваат проекти за унапредување на образованието на нашите студенти, работниот тим составен од проректорот за настава и студенти при Универзитет „Гоце Делчев”– Штип проф. д-р Мишко Џидров, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика проф. д-р Татјана Бошков и д-р Билјана Цоневска-Гуњовска работеа на рамка за соработка чиј исход беше потпишување на Меморандум за соработка од страна на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев” – проф. д-р Блажо Боев и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – Јован Деспотовски.
Меморандумот за соработка ќе овозможи размена на знаења, информации, истражувања, анализи, стручни дебати кои се од интерес на двете институции, а секако ова е промоција на можноста нашите студенти да реализираат пракса во рамките на компаниите кои се активни во ТИРЗ. Ова е уште еден доказ дека создавањето можности за студентите се главен приоритет на ФТБЛ и УГД, истовремено градејќи ја колективната визија меѓу економијата, индустријата и образованието.