-
Создадено: Понеделник, 23 Август 2021
Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, беше дел од претставувањето на програма и планови на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за побрзо закрепнување на туризмот во време кое е повеќе од неизвесно.
Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски, укажа на фактот дека активниот туризам доаѓа во преден план заедно со интересот за посета на еко-дестинации и престој во мали сместувачки капацитети. Директорот во својата анализа посочи дека профилот на турист кој ја посетувал нашата држава нема да е веќе истиот, туку ќе биде личност која бара безбедна дестинација, авантурист кој преферира патување во мали групи и користи напредна технологија.
Во програмата на АППТ за 2022 година е предвидено да влезат проекти за заштита на постоечките и обнова на старите занаети кои се во функција на туризмот, валоризација на граничните премини, изработка на туристички мапи и многу други кои ќе придонесат за остварување на очекувањата кои се во насока на 2.2-2.3 милиони ноќевања и над 300 милиони долари девизен прилив од ставка туризам.
Секако, за оваа цел соработка укажува и Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, кој има свој претставник член на Совет на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.