-
Создадено: Четврток, 15 Јули 2021
На 27.05.2021 година на платформата Microsoft Teams, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип го одржа петтиот вебинар на тема: „ТУРИЗМОТ ВО КОВИД-19 И НЕГОВАТА ПОСТКОВИД ИДНИНА?”
Настанот го отворија проректорот за настава и студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип - проф.д-р Мишко Џидров и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика – проф.д-р Татјана Бошков, која воедно беше и модератор на настанот.
Почесни гости излагачи на оваа тема беа г-дин Љупчо Јаневски, директор на Агеницијата за промоција и поддршка на туризмот и доц.д-р Наташа Митева, продекан за настава при Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Директорот Јаневски свој осврт даде на влијанието на Kовид 19 врз туристичките дестинации и микро туристичките дестинации во РС Македонија, додека продеканот Митева ги анализираше можностите кои дигиталниот марктинг ги нуди за туризмот во време на пандемијата предизвикана од Ковид 19.
Успешните излагања предизвикаа големо внимание и дискусија од страна на слушателите и предавачите кои дадоа свои видувања на основа на истражувањата и предизвикот да се одговори на тоа како може да се обнови туризмот по КОВИД-19, какви се реперкусиите од влијанијата на КОВИД-19 врз туризмот во нашата земја и на самиот крај како може да се развие нова парадигма во туризмот за да се обезбеди одржлива иднина.