На 07.05.2021 година на платформата Microsoft Teams, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип го одржа четвртиот по ред вебинар на тема: „КОЛЕКТИВНАТА ВИЗИЈА МЕЃУ ЕКОНОМИЈАТА И ИНДУСТРИЈАТА:ПРЕДИЗВИК ВО ПАНДЕМИЈАТА КОВИД-19”.

Настанот го отвори проректорот за настава и студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип - проф.д-р Мишко Џидров, а како излагачи на овој вебинар беа г-динот Фатмир Битиќи - заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Јован Деспотовски – директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони ТИРЗ, г-дин Сашко Наков од УО на Совет на странски инвеститори и проф.д-р Татјана Бошков - декан на Факултет за туризам и бизнис логистика, Универзитет “Гоце Делчев”.

Излагањето на Вицепремиерот Битиќи беше насочено на креирање економија за подобра иднина  на сите, а на тоа се надоврза и директорот на ТИРЗ, г-динот Деспотовски со осврт на актуелните проекти кои ги опфаќа ТИРЗ а се однесуваат на што повеќе квалитетни инвестиции кои се перспективата за младите во нашата земја. Г-динот Наков како претставник на Советот на странски инвеститори ја прикажа ситуацијата и предизвиците со кои се соочуваат странските инвеститори и странските компании во услови на пандемија. Проф.д-р Бошков даде осврт на дивергентните закрепнувања кај економиите една година во пандемија и како до намалување на несигурноста, нагласувајќи дека приориретите на политиката треба да се насочат кон бегство од криза, да се даде приоритет на трошоците за здравствена заштита, обезбедување добро насочена фискална поддршка и одржување прилагодена монетарна политика при следење на финансиските ризици за стабилност. Како што напредува закрепнувањето, креаторите на политиките ќе треба да ги ограничат долгорочните економски лузни, да се зајакнуваат производните капацитети, прследено со зголемување на стимулациите за ефикасно распределување на продуктивните ресурси.

Успешните излагања предизвикаа големо внимание и дискусија од страна на слушателите и предавачите кои дадоа свои видувања на основа на истражувањата, спроведувањето на стратегиите и предизвикот да се одговори на тоа како се менаџира мала и отворена економија од страна на властите во услови на пандемија, кои мерки и активности се неопхопни за затворање на јазот меѓу образованието и индустријата, СДИ скрининг, како и давање препораки и стратегиите за спроведување политики во борбата против пандемијата и обезбедување на економска обнова.

Линк од настанот: https://www.youtube.com/watch?v=f_W9a3vzU0s

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.