На 18 мај 2018 год. се одржа Mеѓународниот гастрономски фестивал ''Cookand Serve 2018'' кој беше организиран од страна на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД.

Фестивалот е поддржан од УГД и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р. Македонија. 

На фестивалот, покрај гастрономскиот и ресторанскиот натпревар на неколку тимови, се презентираа и производи од областа на гастрономијата, а се одржаа и мастер класови од познати готвачи, како и познати бармени од РМ. 

Имаме учесници од пет средни угостителско-туристички училишта во Македонија, од Гевгелија, Штип, Крушево, Кратово и од Скопје. Исто така, во тимското натпреварување учествуваат четири тима од ФТБЛ, а гости ни се и учествуваат Кулинарската академија од Софија, Бугарија. Комисијата која оваа година ги оценува натпреварувачите е составена од искусно готвачи, членови на Светската асоцијација на готвачи, доаѓаат од двете македонски асоцијации на готвачи, а во делот на послужување на вино имаме судии од Македонија, дел професори, дел од Центарот за стручно образование при Министерството за образование. Важно е дека целата организација е на студентите, гастро тимот на ФТБЛ ние професорите сме логистичка и морална поддршка. Слатки маки се да се организира една ваква манифестација, има доста работа, но кога се работи нешто со љубов, сите тие препреки можеме да ги решиме. Настанот го помогнаа доста спонзори, пред сѐ Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот и голем дел од стопанството. Така и се потврдува соработката на факултетот со стопанството, која е во континуитет од почетокот на постоење на ФТБЛ – изјави доц. д-р Дејан Методијески, продекан за настава на ФТБЛ.

На свеченото отворање на фестивалот се обратија и деканот проф. д-р Никола Димитров и поранешниот декан проф. д-р Нако Ташков, кои истакнаа дека гастрономијата е носител на развојот на туризмот во Р.Македонија, а на учениците од средните гастрономски училишта им порачаа дека нивната иднина е токму на Факултетот за туризам и бизнис логистика пр УГД. Свеченото отворање со свој настап го збогатија и членовите на ансамблот „Китка“ од Истибања.

Тимовите се натпреваруваа во два дела:

Гастрономски дел: 

  • Јадење од пилешко месо;
  • Паста; 
  • Национално јадење; 
  • Тимско натпреварување Национално јадење на модерен начин;
  • Торти, карвинг и артистика.

Ресторански дел: 

  • Послужување вино и презентација на мени; 
  • Трка на келнери. 

Се доделија повеќе признанија и медали, а гран-при наградата во категоријата Гастрономија ја освои HRC кулинарска академија - Софија, во категоријата Ресторанско работење средното училиште „Коле Нехтенин“ - Штип и третата гран-при награда заврши во рацете на гастро тимот на ФТБЛ за посветеното време и енергија за реализација на настанот. 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.