Од 28 до 31 март во Сокобања, Република Србија, се одржа 44. Меѓународна конференција „Knowledge without borders”.

На оваа конференција со свои трудови учествуваа претставници од Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Марија Магдинчева-Шопова, проф. д-р Златко Јаковлев и вонр. проф. д-р Владимир Китанов.

Научниот труд со наслов „Трендови во воведување зелени политики кај мали и средни претпријатија” од авторите проф. д-р Марија Магдинчева- Шопова, доц. д-р Анета Стојановска-Стефанова и проф. д-р Неда Петроска-Ангеловска oпфаќа анализа на процесот на имплементирање на зелените политики и примена на концептот на зелена економија преку креирање на т.н. зелени работни места. Трудот ги претставува заклучоците и препораките од истражување кое е фокусирано кон согледување на можностите за примена на т.н. „зелени политики”.

На конференцијата својот труд „Економските ефекти од развојот на винскиот туризам” го претстави вонр. проф. д-р Владимир Китанов. Туризмот стана глобална водечка активност и сектор кој е препознаен како најмалку чувствителен на пазарните флуктуации и промени и кој навремено реагира на кризните пазарни услови. Во трудот е направена анализа на економските ефекти како резултат на винскиот туризам.

Трудот со наслов „Теоретски аспекти на туристичката промоција” го претстави проф. д-р Златко Јаковлев. Во трудот е направена анализа на специфичности на туристичката понуда од аспект на промоцијата. Туристичката промоција претставува еден од најзначајните сегменти на маркетинг миксот во туризмот.

На конференцијата, освен од нашата држава, учествуваат претставници од универзитетите во Република Србија, Република Босна и Херцеговина, Република Албанија, Република Бугарија и други земји. По завршување на конференцијата трудовите ќе бидат публикувани во Зборник на трудови „Knowledge” - international journal.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.