На 30 септември 2023 г. заврши Обуката за обучувачи за претприемачки компетенции во Анкара, Турција. Со нови обучувачи за претприемништво се стекнаа трите партнерски земји Естонија, Турција и Македонија од Еразмус + проектот насловен „Зајакнување на претприемачките способности на учениците во стручните образовни институции“.

На обуката учествуваа 20 наставници и професори од стручни училишта и факултети од трите земји. Целта на обуката беше учесниците да се здобијат со претприемачки компетенции, како и нови методи за обука на нивните студенти и практиканти.
Сите учесници изразија голема благодарност до обучувачите Јован Сталевски (ЦЕФЕ мастер обучувач) и Мустафа Ердоган (експерт за искуствено учење), што направија микрокосмос каде што можеа самите да се пронајдат во карактеристиките на претприемачите и можеа да искусат како реагираат и делуваат во одредени претприемачки активности.
Следен чекор за новите обучувачи од Македонија: проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска (Универзитет за информатички и науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид), Ирена Ралева-Најдовска (ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“), доц. д-р Христина Серафимовска (Факултет за туризам и бизнис логистика, УГД), Весна Ефремова (СОУ „Љупчо Сантов“) и Бобан Русески (едукатор и уметник) ќе биде да обучат преку 40 млади практиканти од Македонија во периодот ноември-декември 2023 г.
Завршната церемонија за доделување на сертификатите беше организирана од Агенцијата за развој на претприемништво - МЕСВАК и Националниот директорат за образование на Анкара. На свеченоста присуствуваа највисоките претставници на институциите, кои им ги доделуваа и сертификатите на учесниците.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.