Во периодот од октомври 2022 до јануари 2023 година се одржа петтото изданиe на Mindspace University на тема „Agritech & Foodtech”, каде што м-р Младен Мицевски, студент на ФТБЛ, учествуваше со своја бизнис-идеја.

Овогодишната програма која вклучуваше студенти од Грција, Црна Гора, Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Романија, Полска и Хрватска се фокусираше на теми како: земјоделската биотехнологија, вертикално земјоделство, храна од следната генерација, регенеративно земјоделство, основи на претприемништво и дигитални алатки. Помеѓу нив, м-р Младен Мицевски со својата бизнис идеја успеа да се квалификува во вториот претприемачки дел, да присуствува во фаза на 1-1 менторства и ја презентира својата идеја во финалето.

Финалето (финалната презентација) беше одржана на 23 јануари 2023 година и Младен го освои второто место на натпреварот.

Според Мицевски, искуството од учеството на овој настан е драгоцено – како од аспект на новите знаења и искуства, така и од аспект на новите можности за вмрежувања:

„Mindspace University ми овозможи нови знаења, искуства и вмрежувања. Овој циклус на Mindspace University ги опфати иновациите и технолошките достигнувања во секторите земјоделство и производство на храна. Во текот на циклусот имав можност да следам предавања од експерти - професори и претприемачи кои иновирале, работат или истражуваат во рамки на овие сектори Првиот дел опфаќаше теоретски обуки во период од речиси еден месец. Во текот на обуките бевме поттикнати да размислуваме претприемачки, така што за влез во вториот дел требаше да направиме Бизнис модел платно (Business Model Canvas) и да го анализираме за старт ап во секторот на земјоделство и производство на храна. Па така, заедно со Џорџ Адимандо од Грција го осмисливме „SpiceOrganic". Со овој концепт успеавме да добиеме позитивни мислења од евалуаторите, да обезбедиме поединечни менторски сесии со експерти и на крајот да влеземе во финалето на Mindspace University заедно со уште 4 проекти. „SpiceOrganic" е старт ап кој се состои од затворена органска вертикална градина за висококвалитетни билки наменети за козметичката индустрија, како и зачини коишто ќе се нудат како свежи или сушени. Дополнително стартапот опфаќа сушење и продажба и на друг вид органски производи. Целиот концепт има и еко предзнак од причина што за вертикалната градина би се реупотребувале пластични шишиња за засадување со цел истите да не завршат на депонија. Друга значајна иницијатива на концептот е и развојот на компонентата на социјално претприемништво.

Нашиот стартап успеа во финалето да биде високо оценет и да го освои второто место. Се надеваме дека во иднина би успеале да го реализираме проектот“ – изјави м-р Младен Мицевски

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.