Деканот на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф.д-р Татјана Бошков беше дел од РЕДИ Самитот каде учествуваше како панелист со свое излагање од областа на циркуларната економија. На овој самит кој беше организиран во неколку панел сесии учествуваа амбасадорот на Шведска, амбасадорот на Австрија, владини претставници, претставници на локалната самоуправа, UNDP, EIB и останати, чиј фокус беше насочен кон предизвиците кои произлегуваат од Зелената Агенда на Западен Балкан.

 Дел од излагањето на проф.д-р Бошков во панел сесијата: Western Balkan Green Agenda: Opportunity or threat for business and employment generation in vulnerable communities”:

 “Новата стратегија за развој на Западен Балкан, прескокнувајќи од традиционален економски модел кон одржлива економија, со согласност со Европскиот Зелен Договор, подвлекува три клучни позиции:
-транзицијата кон целосно циркуларна економија е клучна за постигнување зелена транзиција;
-развивање стратегии за подобрување на одржливоста на производство на суровини, заштита, редуцирање, рециклирање и менаџирање со отпад преку согледување на целосниот животен циклус на производите;
-развивање на регионални договори за спречување на загадувањето со пластика, особено отпадоците во морињата.


Знаеме дека моделот на циркуларна економија обезбедува ефикасност на ресурсите.Всушност во циркуларната економија, процесот на производство и потрошувачка создава најмало можно количество отпад. Стремејќи се кон одржлив развој, кружната економија ја намалува вкупната потрошувачка на ресурси преку нивното поефикасно користење. Дополнително, создадените материјали не се отстрануваат, односно се користат повторно и повторно. Кога станува збор за иднината на создавање работни места, циркуларната економија може многу да помогне во зголемувањето на бројот на достапни работни места во светот. И овие прашања може да ги решава правично и одржливо.

Ако се погледнат работните места во управувањето со отпадот и рециклирањето, тука најчесто се ангажирани најсиромашните луѓе. Овие работни места знаат да бидат карактеризирани со лоши работни услови. Но, кога ќе воведете кружност во овие процеси, тие доведуваат до зголемена материјална ефикасност со инкорпорирање на технологија за оптимизирање на користењето на ресурсите, преиспитување на постоечките модели и овозможување на сите да создаваат вредност преку соработки. Циркуларната економија може да генерира работни места и за низа видови на вештини, овозможувајќи поголем дел од луѓето со ниски и средни вештини да бидат профитабилно вработени. Работните места стануваат подостоинствени, позелени и многу помалку штетни за здравјето на луѓето и животната средина. Циркуларната економија може да ни помогне целосно да ги редизајнираме пазарите на труд, со што на сите ни нуди шанса да го намалиме родовиот јаз, но и да го решава прашањето за сите останати маргинализирани заедници. Ваквиот развој има потенцијал значително да ја намали невработеноста, истовремено помагајќи за просперитет на сите ранливи групи.

Гледајќи ја големата слика за циркуларната економија неминовен е фактот дека истата е заедничка одговорност на сите – влада, ентитети од социјалната економија, бизнис секторот, граѓаните. Сите ние имаме важна улога во транзицијата кон циркуларната економија. Оваа слика укажува и на силната врска помеѓу социјалната економија која може да помогне циркуларната економија да ја зајакне социјалната вредност.Токму социо-економски организации се оние преку чиј ангажман во кружните синџири на вредности ја зајакнуваат социјалната вклученост преку обезбедување можности за работа и обука за ранливите групи, покрај придонесот за кружни деловни модели засновани на близина и соработка.

Вложувањата во локалните екосистеми и стратешките партнерства помеѓу актерите во социјалната економија и креаторите на политиките, но исто така и со бизнисите и граѓанското општество, се исклучително важни на локално, национално и на ниво на ЕУ. Преку овие соработки, учесниците во циркуларната економија можат да инспирираат одржливи и социјално инклузивни практики во други фирми кои се помалку подготвени да го сторат тоа. Ова би можело да ја зајакне прогресивната транзиција на нашите економии и општества во вистинската насока.

 Несомнено, усогласувањето на социјалните, економските и еколошките агенди, но и олеснувањето на оваа заедничка одговорност меѓу различните актери ќе биде од клучно значење за продолжување на зелената и инклузивна транзиција.”

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.