Mindspace University е 3-месечна онлајн програма со два дела (едукативен и претприемачки) која секоја година е фокусирана на различен специфичен сектор, вклучувајќи ги основите на претприемништвото.

Овогодишната тема им овозможува на учесниците да ги откријат предизвиците и деловните можности во секторите Agritech и Foodtech и креираат нови деловни идеи со ментори од Грција, САД и европските земји. Сесиите ќе бидат фокусирани на земјоделската биотехнологија, вертикално земјоделство, храна од следната генерација, регенеративно земјоделство, основи на претприемништво и дигитални алатки.

Едукативен дел

Претприемачки дел

Сите тимови добиваат едукација и менторство што ќе им помогне да се истакнат и да бидат еден од 8-те тимови кои ќе дојдат до претприемачкиот дел

Најдобрите 8 тима добиваат персонализиран тренинг за да ги подобрат своите идеи

  • Времетраење: 4-неделна онлајн програма
  • Содржина: предизвици и деловни можности во тематскиот сектор
  • Формат: интерактивни работилници, виртуелни училници и вебинари
  • Доставено од: 15 претприемачи, академци и вработени во компании и старт-ап
  • Времетраење: 4-неделна онлајн програма
  • Содржина: менторство за бизнис идеите на секој тим
  • Формат: 1-1 менторски сесии, обуки за бизнис модел и работилници за презентациски вештини
  • Испорачано од: 15 претприемачи, инвеститори и директори од меѓународни компании и старт-ап

Програмата има котизација од 40 евра. Во моментов има 100 слободни места за учесници од Грција, Црна Гора, Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Романија, Полска и Хрватска за да добијат целосен пристап до сесиите на програмата (Дел А). За претприемачкиот дел Б, најдобрите 10 тимови кои ќе бидат избрани од eдукативниот дел А ќе присуствуваат во фазата на менторство и ќе учествуваат на настанот за финална презентација без трошоци.

  • Кој може да аплицира?

Студенти (вклучувајќи студенти на прв циклус и втор циклус, докторанти или неодамнешни алумни со помалку од две години на дипломирање) без оглед на нивната институција, работното или претприемачкото искуство.

Студентите можат да аплицираат индивидуално или како тим. Секој студент е добредојден да аплицира во програмата како поединец и да најде тим за време на програмата преку серија сесии на онлајн тимски состаноци и настани за групно вмрежување за време на едукативниот дел (Дел А). Секој студент е исто така добредојден да аплицира како член на тим, наведувајќи го во апликацијата името и членовите на тимот. Секој тим во програмата мора да се состои од минимум 2, а најмногу 3 лица.

  • Награди
  1. Победничкиот тим добива 10.000 €;
  2. Победничкиот тим добива 3 месеци бесплатна сметководствена услуга од indima.gr;
  3. Најдобрите тимови се придружуваат на програмите за инкубација;
  4. Обука за креирање на бизнис и влез во еко-системот на старт-ап;
  5. Едно бесплатно учество на Mindspace патување во САД;
  6. Пет учества со попуст на Mindspace патување во САД;
  7. Една година Cloud Service од Lancom + 50% попуст потоа.

Краен рок за аплицирање е 8 октомври 2022 година

Програмата започнува на 17 октомври 2022 година.

Контакт и дополнителни информации за пријавување во програмата: д-р Цветанка Ристова Магловска, доцент на Факултетот за туризам и бизнис логистика (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.), претставник на Mindspace за Македонија.

Повеќе информации за програмата: https://www.mindspace.gr/university

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.