Тројца студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Александар Нацов, Кристијан Мијалковски и Ивана Горгиева, добија награди и признанија на Вториот интернационален гастрономски натпревар „Гастромак 2017“, што се одржа во хотел „Вила парк“ во Струмица.

Врвни кулинарски шефови си ги одмерија силите во три натпреварувачки дена - 25, 26 и 27 октомври, во 33 категории, поделени во четири сегменти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и приготвување пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти одржаа повеќе мастер-класови.

Натпреварот се одржa под мотото „Залче од светските вкусови“ и, практично, под универзалното знаме на гастрономијата се обедини светската готвачка елита претставена од судии, натпреварувачи и гости од триесетина земји: Португалија, Русија, Италија, Чешка, Велика Британија, Полска, САД, Канада и секако од Македонија.

Студентите на УГД се натпреваруваа во повеќе категории: национално јадење на модерен начин, пилешко, риба и ресторански десерт. Тие ги освоија следниве медали во различни конкуренции:

Александар Нацов во категоријата национално на модерен начин – сребрен медал; Ивана Горгиева во категоријата национално на модерен начин – сребрен медал; Кристијан Мијалковски во категоријата национално на модерен начин – бронзен медал; Александар Нацов во категоријата риба – мерит; Кристијан Мијалковски во категоријата пилешко – бронзен медал и Ивана Горгиева во категоријата ресторански десерт – мерит.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.